Ревија на македонски филмови во киното Синеплекс
Седумдневна филмска програма со наслов „Ревија на македонски филм“ ќе се одржи од 13 до 19 септември во киното Синеплекс. Филмската ревија ги содржи речиси сите долгометражни филмови издадени во периодот од 2001 до 2018 година и неколку краткометражни издадени во текот на овие години.