Во општество контролирано од насилно воведен полициски час, луѓе од секаков статус се натпреваруваат во опасни и илегални улични трки за да го избегнат полицискиот час и да започнат нов живот надвор од градот.
„Полициски час“ се одвива во блиската иднина. Преку ден светот наликува на она што го знаеме, но ноќе ролетните се спуштаат, улиците се празнат и започнува полициски час. Полицискиот час е воведен за да ја штити популацијата од опасен вирус кој ја уништил земјата, но некои луѓе мислат дека воведените правилата носат превисока цена. Трката на натпреварувачите им нуди шанса да побегнат од светот на полицискиот час, шанса за подобар живот во подобар свет. Трката е можност да се прифатат бунтовништвото и безгрижноста, но исто така и надежта, храброста и самодовербата. Кога паѓа ноќта, дваесет и пет тима се редат во јужен Лондон за стартот на трката. Тие се тркаат со неверојатна брзина, којашто не се намалува додека не ја поминат целната линија во шкотските ридови.

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.