Содржина

„Патарно е приказна за Џо Патерно од „Пен Стејт по скандалот со сексуалните злоупотреби на Џери Сендаски. Откако стана најуспешен тренер во историјата на американскиот фудбал на колеџ, наследството на Патерно стана оспорено и тој беше присилен да се соочи со институционалниот неуспех во однос на жртвите. Главната улога во филмот ја игра добитникот на „Оскар Ал Пачино. „Патерно му е трета соработка на Пачино со ХБО, заедно со наградуваниот режисер Бери Левинсон. Во филмот играат и Рајли Кео во улогата на Сара Ганим, 23-годишната новинарка која прва пишувала за случајот со Сендаски во „Патриот њуз. Кејти Бејкер ја игра Сју Патерно, сопругата на Џо. Грег Грунберг и Лери Мичел ги играат синовите на Џо, Скот и Џеј Патерно, додека Ани Парис ја игра ќерката на Џо, Мери Кеј Патерно.

Слики

ПатерноПатерноПатерноПатерноПатерноПатерно

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.