Џифони Македонија: Филмот „Тука сум“ на Стефан Божиновски предизвика дискусија против стереотипите во општеството

недела, 10 октомври 2021 09:44

Филмот „Тука сум“ на младиот автор Стефан Божиновски предизвика големо внимание кај средношколците што учествуваат на фестивалот Џифони Македонија вчера во киното Фросина. Дебитантскиот краток филм на Божиновски, кој е студент по графика на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, ги поттикна филмофилите да разговараат на темата која беше во фокусот на филмот: неприфаќање на различностите и стереотипите што владеат посебно во самите семејства каде што има лице со различна сексуална определба. Главните улоги во филмот чија премиера се случи минатата недела, ги толкуваат Тања Кочовска, Предраг Павловски и Мартин Ѓоргиев.

Повеќе

Извор на новости

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.