Содржина

Кога една иновативна здравствена компанија го претставува Рободок, лекар-андроид, кој е внимателно програмиран никогаш да не прави грешки, еден алчен адвокат тоа го гледа како закана за неговиот бизнис.
Со проблеми како неосигурени пациенти, алчни осигурителни компании, сурови здравствени конгломерати и доктори под стрес, здравствениот систем е на работ на целосен распад, а Џејк Горман е среќен поради тоа. Егоистичниот адвокат за лекарските грешки има сѐ. Неговото лице е на билборди, неговите реклами постојано ги има на телевизија и на радио, а неговата војска од информатори му кажува за профитабилни нови случаи. Тужењето доктори го направило Џејк познат и многу богат човек. Џејк никогаш нема сретнато доктор кого не може да го тужи, сѐ досега. За да ги скрати трошоците во својата болница, РИП „Здравство“ го развива совршениот доктор. МД 63 (наречен Рободок) е роботски доктор, чија база на податоци го содржи целото медицинско знаење во светот, па така Рободок не може да згреши. Рободок е создаден за да штеди и пари и животи. Успехот би донел безгрешно, евтино здравство и би значел крај за Џејк Горман...

Слики

РободокРободокРободокРободокРободокРободокРободокРободок

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.