Филмот за деца „Стела“ ќе се прикаже на пролет 2020 година

петок, 27 декември 2019 13:09

Првиот македонски семеен долгометражен филм за деца „Стела", режисерот Стојан Вујичиќ и продуцентот Огнен Антов го најавуваат на пролет 2020 година во земјава. По двегодишни интензивни подготовки и завршено снимање во текот на летото и есента, продукциската куќа „Дрим фектори", заедно со режисерот Стојан Вујичиќ се задоволни од досега снименото за овој игран филм. Снимањето се одвивало на територијата на нашата држава во Скопје, потоа продолжило во живописниот Галичник, за да заврши во Штутгарт, Германија.

Повеќе

Извор на новости

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.