Приказната почнува во Сирија, каде владеат строги правила. Сахра била насилно омажена и малтретирана, единствена светла точка во животот и било раѓањето на нејзиниот син. Синот и Али, веднаш по породувањето бил грабнат од страна на Џабир. По неколку години дознава тој е жив и со помош на добродушниот Селим успеваат да побегнат. Поради војната Селим решава да се врати во Истамбул, но со себе ги зема и Сахра и Али. За несреќа, на Сахра не и било дозволено да ја премине границата бидејќи не било дозволено жена сама да премине граница. Решение за овој проблем било да се оженат со Селим. Селим одлучува да ги однесе во неговиот дом, сите биле среќни за неговото враќање, но и зачудени за непознатата девојка со него. Особено љубоморна била девојката која со години чекала да се врати Селим, Асли, која е решена да стори се за да се омажи за Селим. Со тек на време, Селим и Сахра вистински се заљубуваат, но зад нив стои минатото кое нема да ги остави на мира.

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.