Кога Хана Сикорова, градоначалничка на едно село во Северна Бохемија, му се спротивставува на еден голем рударски концерн кој им нуди на селаните големи компензации за да ги напуштат своите куќи, нејзината 14-годишна ќерка Миша исчезнува...
На почетокот на драмската серија „Пустелија“ на ХБО е прикажан криминал кој суштински влијае врз сите страни. Кога Хана Сикорова, градоначалничка на едно село во Северна Бохемија, му се спротивставува на еден голем рударски концерн кој им нуди на селаните големи компензации за да ги напуштат своите куќи, нејзината 14-годишна ќерка Миша исчезнува. Потрагата по нејзината ќерка ја прави Хана сомничава кон целата заедница по повеќегодишен мирен соживот. Под притисокот на настаните, заедницата почнува да се распаѓа и го покажува своето вистинско лице. Решавањето на мистеријата ја дели приказната на неколку испреплетени наративи кои на крајот се поврзуваат на неочекувани начини.

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.