рејтинг: 7.5/10

Содржина

Особено весела компилација на урнебесни и бизарни комични скечеви, претставени од Фиона Ален, Сели Филипс и Дун Макичан.
Земете го баналното, небитното и смешното, додајте малку женска перспектива, попарете со здрава доза на комичен момент, помешајте, и што се добива? „Женска лига“. Тимот составен од Сели Филипс, Дун Мекичан и Фиона Ален си играат со женските неврози (галење во кревет, изгледот на косата во јавност и големината на градите, не мора по тој редослед), нивните преокупации (наоѓање маж, наоѓање маж и наоѓање маж), нивните слабости („Маркс енд Спенсерс“, мода и мажи) и нивните предности (потаинствени од машкиот род, а според тоа и посмртоносни). Пародичните исечоци во агенцијата за состаноци прикажуваат цел опсег на стереотипи, и непогрешно ја погодуваат вистинската точка. Наградата за најнереален скеч оди кај оној кој ќе постави најмногу буржоаски институции – листа за венчавки – во продавница за секс играчки, со смртоносниот удар: „Две затки за газ... Со љубов од Кети и Едвард“.

Слики

Женска лига: Специјално Божиќно издание

Прегледи


Нема Прегледи

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.