Отворен 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Со доделувањето на наградите за животно дело на актерот Петре Арсовски и на композиторот Љупчо Константинов и со првата претстава во официјалната конкуренција за награди, претставата на МНТ „Ничија Земја“ од Денис Тановиќ во режија на Александар Морфов, синоќа во големата сала од Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворен 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот, официјално за отворен го прогласи заменик министерот за култура, Владимир Лазовски.