Свечено затворен Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија"
„Летото кога научив да летам", српско-хрватско-бугарска копродукција во режија на Радивоје Андриќ, полскиот „Враќање во тие денови" од Конрад Аксинович и италијанско/белгискиот „Смена" од Алесандро Тонда ги освоија срцата на јуниорите, кадетите и сениорите на „Џифони Македонија" годинава, кои ги прогласија за најдобри играни филмови во секоја од трите категории.