Киненова: Награда за особен придонес во филмската уметност за Илдико Ењеди
Со врачувањето на наградата за особен придонес во филмската уметност на унгарската режисерка Илдико Ењеди и проекција на хрватскиот филм „Чичко“ свечено беше отворено седмото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, фестивал кој промовира први и втори филмски остварувања на авторите од целиот свет.