Култна тинејџерска серија за една група деца собрани под името „Полноќно друштво“, кои раскажуваат страшни приказни околу логорскиот оган во шумата. Духови, чудовишта, вештерки, демони, проколнати куќи и други работи поради кои пред спиење ќе ѕиркате под креветот, а ноќе ќе оставате запалено светло.