„Светот на Биби“ потпиша договор со британскиот дистрибутер „Видеоплагер“

петок, 4 март 2022 10:20

„Светот на Биби“ почнува да ги освојува надворешните пазари. Од оваа недела и официјално, британскиот дистрибутер „Видеоплагер“ го стави македонскиот анимиран серијал во своето портфолио. „Видеоплагер“ го има ексклузивното право за дистрибуција на анимираната серија на европските и светски пазари. Листата на клиенти со кои соработува оваа британска компанија е голема, дел од нивните содржини се емитуваат на најголемите национални европски телевизии (РТЛ, БиБиСи, РАИ, СВТ, ЦБС...) како и на најпознатите стриминг платформи „Нетфликс“ и „Ејчбио“.

Повеќе

Извор на новости

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.