Ана Карењина на Пројковски апсолутен победник на „Театарска пролет“ во Шабац, Србија

понеделник, 18 април 2022 12:04

Синоќа на завршната вечер на театарскиот фестивал „Театарска пролет“ во Шабац, Србија, свечено беше прогласен апсолутниот победник на фестивалот, претставата „Ана Карењина“ според романот на Толстој, во режија на македонскиот режисер Дејан Пројковски, а во продукција на Новосадско народно позориште – Нови Сад. Претставата на Пројковски, еден од најнаградуваните и најпродуктивните македонски театарски режисери на Балканот, ги доби наградите за најдобра претстава во целина, за најдобра режија, за најдобар актер – Арпад Месарош, за најдобра актерка – Тимеа Филеп.

Повеќе

Извор на новости

Најави се

TvProfil користи колачиња за да обезбеди подобро корисничко искуство и функционалност на страницата. Повеќе информации за колачињата можете да најдете овде: Полиса на приватност.