Синопсис
Годината е 1682. Сабина Дебара (Кејт Винслет) е решителна и надарена пејсажна архитектка која живее и работи уредувајќи француски градини и поседи. Еден ден добива неочекуван повик - избрана е да учествува на натпреварот на дворот на кралот Луј XIV (Алан Рикман). Откако ќе ја запознае, познатиот кралски пејсажен архитект (Матијас Сунартс) во почетокот е вознемирен од нејзиното остро око и прогресивен начин на размислување, но потоа ја избира Сабина да уреди една од главните градини во палатата Версај. Гледајќи ја како работи под притисок на роковите, во нејзината работа тој ја препознава вредноста на „малата количина хаос“.