Синопсис
Снимен според популарниот роман на Стивен Чбоски. Ја следиме приказната за средношколецот Чарли (Логан Лерман) кој секогаш останува настрана во своето училиште додека не запознае двајца харизматични матуранти. Убавата и слободоумна Сем (Ема Вотсон) и нејзиниот бестрашен полубрат Патрик (Езра Милер) го воведуваат Чарли во светот на нови пријателства, први љубови, расцутена сексуалност, развратни забави, полноќни проекции на филмови и потрага по совршена песна...