Играта е едноставна. Секојдневно еден од 22 натпреварувачи се обидува да дојде до милион денари во битката со Банкарот. Неговата игра започнува со отворање на првите 5 кутии во кои се кријат суми од 1 денар до милион денари. По првиот круг добива понуда од банкарот, која натпреварувачот може да ја прифати, и играта завршува, или да ја одбие и да отвори уште 3 кутии. Играта трае се додека не ја прифати понудата на банкарот која е во склад на отврените кутии или оди до крај (отвара 20 кутии, остануваат 2, неговата и некоја друго по негов избор).