Екстремниот трагач по вулкани, Крис Хорсли, се качува во некои од најактивните вулкани во светот за да собере нови научни податоци од срцето на нивните јадра полни лава. Од африканската голема раседна долина, Крис ќе нè однесе најблиску досега до утробата на најжестоките вулкани лоцирани во некои од најсуровите места на земјата. 800 милиони луѓе живеат во сенката на 1 571-те активни вулкани во светот, така што Крис не се изложува на опасност само за возбуда. Користејќи иновативни техники, сака да помогне да се предвидат идни ерупции. Инсталира „систем за рано предупредување“ за ерупции, како и системи за следење на гас и надзорни веб- камери на нивните рабови за да ги алармираат научниците и локалните заедници за постојано променливото однесување на вулканите.