Синопсис
Во текот на Втората светска војна, на британскиот остров Гернзи е основано друштвото со симпатично име - Гернзиско друштво за книжевност и пита од лушпи од компири. Со основањето и активностите на тоа необично друштво, сосем неочекувано, се запознава успешната лондонска писателка Џулиет Аштон, која е во потрага по тема за својата нова книга. Повеќето од членовите на друштвото земаат книга в раце за првпат во текот на војната, но тоа што го пронаоѓаат во книгите е многу повеќе од зборови - пронаоѓаат животна сила, инспирација, утеха, сознание дека сѐ може да се согледа и да се искаже на поинаков начин.
Филмот е снимен според големиот светски бестселер кој е еден од најчитаните и најпродаваните книги на деценијата.