Синопсис
Кое дете никогаш не сонувало да има клон? Некој што ќе ги прави сите здодевни работи наместо него, на пример да оди на училиште кога детето не сака да оди или да прима болна инјекција во болница. Кога гледа како неговиот одраз од огледалото излегува во вистинскиот свет, овој сон му се остварува на бестрашното момче Фернандо. Неговиот двојник Однанреф се претставува себеси како решение за сите негови проблеми.