Синопсис
Малиот Пепер Флинт Базби (Џејкоб Салвати) сите го викаат Мало Момче, а децата во неговото гратче го исмејуваат и го малтретираат затоа што е многу мал. Но тоа не му пречи, бидејќи тој и неговиот татко Џејмс (Мајкл Рапапорт) живеат живот исполнет со епски авантури - барем во фантазијата. Инспирирани од величествените подвизи на стрип херојот Бен Игл, волшебник кој се бори против криминалот, Малото Момче и татко му си поставуваат само едно прашање: „Веруваш ли дека можеме?“ А единствениот одговор што го имаат е: „Да, партнеру!“