Синопсис
Сканк има 11 години, има дијабетес и е навистина кул. Летните одмори само што се започнати и таа се радува на лесните денови што претстојат. Господинот Освалд е грд тип што живее отспротива и тој еден ден ќе го претепа Рик, милото, но нестабилно момче од соседството. Невиноста на Сканк тогаш почнува да бледнее на начин што таа не може да го контролира. Нејзиниот дом, нејзиното соседство, нејзиното училиште - сè станува предавничка средина каде среќното и сигурно детство се претвора во дилема полна со страв, а сложениот, скршен свет станува нејзина иднина. Сканк бара утеха на последното место на кое знае дека ќе ја пронајде - во пријателството со скршениот Рик. Настанува хаос, но одеднаш, за среќа, добива шанса да избере - да остане или да замине - да живее или да умре.