Почина актерот Славиша Кајевски
Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот, информира колективот на Националната установа Македонски народен театар. Кајевски е роден на 1 февруари 1982 година, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 година. Од 2010 година. е актер во Македонски народен театар – Скопје.