Благоја Стефановски-Баге добитник на наградата „4 Ноември“ за животно дело
Поранешниот министер за култура, долгогодишен прв човек на битолскиот театар и актер во пензија, Благоја Стефановски-Баге, е годинешниот добитник на највиското општинско признание во Битола, наградата „4 Ноември" за животно дело, што општината го доделува на Денот на ослободувањето на градот, 4 Ноември.