SEASON: 5
Синопсис
Моргана го заробува Алатор, поранешен сојузник кој подоцна се свртел против неа, со намера да го открие идентитетот на легендарниот магионичар кој Друидите го знаат како Емрис ( се уште несвесна дека тоа всушност е Мерлин). На Мерлин му се обраќа таинствена жена, Фина, која го предупредува на опасност и бара од него да се најдат во храмот Еруи. Гај се сомнева дека ја испратил Алатор и дека сето тоа е местенка, па го предупредува Артур да прати витези по неа, но таа побегнува со Мерлин.