SEASON: 1
EPISODE: 6 - BUSEY AND THE BEACH
Синопсис
Ејч-Би-Оу ви ја претставува „Свита“, хит хумористичната серија која ни дава поглед во секојдневниот живот на Винсент (Винс) Чејс, млад актер во современ Холивуд и на неговата свита. Од својот роден град, Квинс, Њујорк тој со себе ги води: менаџерот Ерик, полубратот Драма и пријателот Желка. Серијата се заснова на искуствата од луѓето кои работат во индустријата, илустрирајќи ги ексцесите на денешниот живот на славните, како и тешкотијата да се најде љубов и успех во брзиот живот на шоу-бизнисот. Сега кога момците се навикнуваат на придобивките од славата, Ерик, заедно со супер-агентот Ари ја одржуваат славата на Винс во нагорна линија додека носат разумни одлуки за долгогодишна кариера во светот каде славата брзо избледува.
Адријан Грение го игра Винс. Кевин Коноли го игра Ерик, најблискиот човек на Винс, кој ги учи правилата на бизнисот додека се обидува да му помогне на Винс да ги донесе вистинските избори и да ја одржи својата слава. Кевин Дилон го игра полубратот на Винс, Драма, чија сопствена актерска инспирација е засенета од успехот на Винс. Џери Ферара го игра Желка, менаџерот на куќата, кој секогаш сака добра забава. Џереми Пивен го игра Ари, агресивниот и моќен агент на Винс, кој се судира со Ерик околу одлуките за својот клиент. Во „Свита“ се појавуваат и Деби Мазар, како публицистката на Винс, Шона и Рекс Ли во улогата на Лојд, омразениот асистент на Ари.
Епизода 6:
Џош, поранешниот асистент на Ари, кој сега му е конкурент, се додворува на Винс и на момците за време на една дива забава во Малибу Бич. Драма започнува алтернативна кариера во индустријата за храна. Ерик ја става Емили во компромитирачка положба, а Желка му додева на актерот ГЕРИ БУСИ („Во западот“) за време на една изложба.