Атлантик Сити, 1921. Во град чие богатство порасна во предвечерјето на прохибицијата, Наки Томпсон (Стив Бушеми) плаќа голема цена за да ја добие најголемата моќ во „светското игралиште“.
„Апсолутна власт“ е хит серијата која доби награда „Златен глобус“ и која го прикажува животот и времето на Инох „Наки“ Томпсон, „Царот на Атлантик Сити“ (Стив Бушеми) во времето кога прохибицијата се покажала како главен фактор за растот на организираниот криминал во Америка. Дејствието во втората сезона од „Апсолутна власт“ се одвива неколку месеци по крајот на првата сезона во 1921, откако изгледаше дека Наки и неговите поручници - меѓу кои е и младиот ветеран од Првата светска војна, Џими Дармоди, кого Наки го израснал – ја зацврстуваат својата власт преку успешно местење на изборите, при што за градоначалник е избран човек на Наки. Сепак, по еден крвав напад на ККК во магацинот за шверцуван алкохол на Чоки Вајт, моќта на Наки во Атлантик Сити ослабува, првенствено поради федералните агенти кои го апсат за изборна измама и му ја претресуваат канцеларијата, а и поради членовите на неговиот потесен круг, па дури и поради неговото семејство, кое се здружува со таткото на Џими, стариот комодор, Луис Кестнер, во обид целосно да го отстранат Наки. Во меѓувреме, мафијашите како Арнолд Ротштајн, Лаки Лучијано, Мејер Лански и Ал Капоне ја чекаат вистинската шанса да земат што е можно поголем дел од колачот на Наки.

Беше по каналите:

HBO3 BG  

Препоръки
  • Наркомрежа (2002)

    image
    Историята е разказана от няколко различни гледни точки – тази на полицията, на съдебната система и на престъпниците, а границите между добро и зло, както и между...
  • Разследване на самолетни катастрофи (2003)

    image
    Предаването ни разкрива мрачната истина, че безопасността в авиацията се подобрява само след поредната злополука. А също ни показва разследвания на легендарни...
  • Blisko, coraz blizej (1983)

    image
  • Auf Streife (2013)

    image
Топ списъци

Впиши се

TvProfil използва бисквитки, за да осигури по-добро потребителско изживяване и функционалност на сайта. Повече информация за бисквитките можете да намерите тук: Политика за поверителност.