Синопсис
Хантер (Хејли Бенет) штотуку забременила, но нејзиниот живот тргнува во поинаква насока кога развива опсесија на голтање опасни предмети. Нејзиниот сопруг (Остин Стоуел) и неговото семејство ја преземаат контролата над нејзиниот живот, па таа мора да се соочи со мрачната тајна зад опсесијата што не може да ја контролира. Ова е приказна која наликува на деформирана бајка и која поставува провокативни прашања за очекувањата што им се наметнати на жените, за контролата на жената над нејзиното тело и за психолошки штетните ефекти на патријархатот. Бенет одлично ја игра улогата во овој смел филм, кој е режисерско деби на Карло Мирабела-Дејвис.