Синопсис
Џенифер пронаоѓа еден средновековен витешки оклоп и го купува во името на Бил Волас кој е вљубеник во средниот век. Кога професорот Мекнари слушна дека Џенифер го купила оклопот, тој сака да го откупи од неа, но разочаран е кога дознава дека Волас веќе го купил оклопот. Кратко време после тоа, Џенифер во куќата на Волас повторно го прегледува оклопот и сфаќа дека во него се наоѓа телото на професорот Мекнари. Детективот Линвуд започнува официјална истрага, но Џенифер не може да се воздржи, па започнува сопствена истрага за да ги открие мотивот и убиецот.