Синопсис
Дејвид Гејл (К. Спејси) е популарен универзитетски професор и активист против смртната казна. Наеднаш се наоѓа под обвинение за силување и убиство на сопствената колешка и активистка Констанс Харавеј (Л. Лини). Својата приказна решава да ѝ ја раскаже на младата и амбициозна репортерка Битси Блум (К. Винслет) која од едно интервју добива многу повеќе одошто побарала. Со понатамошното истражување таа открива детали пресудни за животот на Гејл и почнува да се сомнева во неговата вина и во целиот правосуден систем...