Синопсис
Францускиот режисер и сценарист Никола Вание ни носи нова неверојатно вистинита приказна. Приказната се одвива помеѓу таткото и синот, Христијан и Тома. Христијан проучува диви гуски и работи на својот животен проект - сака да го заштити загрозениот вид птици и да ги научи безбедно да мигрираат. Користејќи го својот ултралесен авион, ќе ги води птиците од Норвешка до Франција, долж безбедни миграциски патишта. Неговиот син Тома е скептичен кон будалестите планови на татко му, но заглавен на татковата фарма, тинејџерот сепак одлучува да помине извесно време со птиците. Постепено, Тома се поврзува со гуските и почнува да се грижи за нив, а таткото и синот тргнуваат на најубавото заедничко патување...