Синопсис
Клер и Лила се сосетки. Тие се гледаат секој ден, но едвај си ги знаат имињата. Сè до дента кога Клер одлучува да ја посети Лила и да ја замоли нешто што дефинитивно ќе го загрози нивниот соживот.
Овие денови, некаде во САД. Клер (добитничката на “Оскар“ Мелиса Лео) и Лила (Лејла Бекти) се сосетки. И двете живеат во иста зграда, се гледаат секој ден, но едвај си ги знаат имињата. Сè до дента кога Клер одлучува да ја посети Лила и да ја замоли нешто што дефинитивно ќе го загрози нивниот мирен соживот. Прекрасно одиграните улоги на овие два лика ќе ја разбрануваат совеста на гледачите.