Синопсис
Лизи Менинг е разведена и емотивно нестабилна жена која се бори за старателство над својот 11-годишен син, Томас. Тешко ѝ оди балансирањето на работата и самохраното родителство. Се потпира на помошта на своите родители, на кои честопати тешко им паѓа нејзиното однесување, а нејзиниот поранешен сопруг постојано ја критикува за нејзиниот хаотичен начин на живот. Еден ден Лизи оди да го земе Томас кој е на роденденска забава кај другар од училиште. Ги гледа децата што си играат на забавата и одеднаш ќе се најде затечена кога ќе ја здогледа 7-годишната Лола, занесена во својот свет, зашто во неа препознава дел од себе. Потоа не може да го извади девојчето од глава и се спријателува со нејзината мајка, Клер Бредли, а сака Томас да се спријатели со братот на Лола, за да може што повеќе да навлезе во нејзиниот живот.