Синопсис
Необична но вешта старица е приморана да се соочи со нејасната иднина откако нејзината држава, фамилија и целиот систем на вредности се уништени. Таа се обидува да ги реши своите егзистенцијални проблеми така што ќе фати воен злосторник и за награда ќе го предаде на властите. Единствено што не знае е дали е тоа навистина тој.