Синопсис
Уште од основно училиште, Џон Фарли и неговите пријатели биле беспомошни пред најнезгодниот човек на светот кој постојано ги малтретирал со правење склекови - нивниот професор по физичко воспитување, а воедно и нивни ноќен кошмар, господин Вудкок (Били Боб Торнтон). Неколку години подоцна, сега веќе успешен, Џон се враќа во својот роден град и открива дека господин Вудкок и понатаму е присутен во неговиот живот, дури и дека излегува со мајка му. Тој се труди по секоја цена да ја уништи нивната врска, но дали ќе успее во тоа?