Синопсис
Алис е 38-годишна модна уредничка на магазинот „Ребел“. По природа е перфекционист, тешка за соработка и игра на сигурно, па нејзиниот шеф не е сигурен дека е Алис најдобриот избор за главен уредник, особено во конкуренција со нејзината забавна и лежерна колешка Лиза. Сè се менува кога Алис по грешка ќе добие статус на грабливка на мажи, и тоа поради убавиот и 20 години помлад студент. Тоа ѝ ги зголемува шансите да ја добие уредничката позиција, па Алис ја прифаќа играта, а 19-годишниот Балтазар не може да поверува колкава среќа го снашла...