Синопсис
Џеки Чен го игра Џеки, односно Азискиот Сокол, авантурист од типот на Индијана Џонс, кој се обидува да се збогати наоѓајќи егзотични антиквитети. Откако Џеки нашол еден таинствен меч во Африка, една група сатанистички свештеници ја киднапира неговата поранешна девојка Лорелај, а за откуп ги бараат мечот и другите делови од легендарниот Божји оклоп – наводно, магична наметка која води потекло уште од крстоносците. Тој успева да ги набави споменатите предмети од богатиот колекционер Банон и заедно со ќерка му Меј и рок-ѕвездата Алан одат да ја спасат Лорелај. Кога конечно доаѓаат до неа, предоцна откриваат дека ѝ е испран мозокот. Таа го дрогира Алан и го носи заедно со оклопот назад во манастирот. Џеки е присилен самостојно да се пресмета со армијата од сатанистички свештеници.