Синопсис
Паметниот, успешен и секси Мајкл Досон (Џејми Фокс) е чикашки бизнисмен со светла иднина и со прекрасна свршеничка, Реј (Нија Лонг). Додека се наоѓаат на романтичен одмор кај Големиот Кањон, младите љубовници итаат по автопатот во спортскиот автомобил на Мајкл, кој го купуваат импулсивно во Аризона. Животот е совршен. Но, има еден проблем. Реј не знае дека автомобилот бил купен со парите што ги имаат заштедено за да купат дом. А кога ја открива валканата тајна на Мајкл, таа веднаш го остава. Налутената Реј излегува од возилото и автостопира до Лас Вегас. Работите се влошуваат кога колата на Мајкл ја крадат, па тој оди во една далечна продавница за да побара помош. Него го земаат како заложник тројца трапави ограбувачи, па Мајкл е благодарен кога пристигнува полицијата, но само додека не сфати дека тие мислат дека и тој е еден од ограбувачите!