Синопсис
Тревор Резник (Кристијан Бејл) страда од хронична несоница, слаб е, осамен и целосно разочаран. На работа не се дружи речиси со никого, а по работа се среќава единствено со проститутката Стиви (Џенифер Џејсон Ли) или оди во ресторанот каде што разговара со убавата келнерка Марија (Аитана Санчез-Гихон). Наскоро се случува нешто што го наведува да помисли дека кај него не се работи за обични проблеми со несоница: почнува да халуцинира дека го гони работник кого никој друг не може да го види...