Синопсис
Филмот е иснпириран од мистеријата на островот Фланан, една од најголемите мистерии во шкотската историја која сѐ уште не е целосно расветлена. Во декември 1900 година мал спасувачки брод се упатува кон малиот остров за да направи рутинска смена на тројцата одржувачи на светилникот. Кога бродот се приближува до островот, никој не ги поздравува. Тројцата искусни светилничари се исчезнати. Масата е поставена за вечера, но луѓето ги нема... и никогаш нема да бидат пронајдени.