Синопсис
Номинираните за Оскар, Стокгард Ченинг и Боб Хоскинс настапуваат во Британската романтична комедија Искра, третиот проект на контроверзниот сценски и режисерски тим, Нил Хантер и Том Хансингер (Диво срце, Момчиња). Почетникот Шон Еванс го глуми Сем Спаркс, млад човек кој се преселува од Ливерпул во Лондон со самохраната мајка, Џил (Лесли Манвил) – пејачка по локалните пабови. Во потрага по работа, Сем успева во агенција за односи со јавност со тоа што спие со шеесет и нешто годишната директорка на агенцијата, Шила (Ченинг), потоа (во фазон на Дипломец), се заљубува во девојка поблизу до неговата возраст, Кејт (Аманда Рајан) – за да го открие пеколот дека Кејт е ќерка на Шила. Како што се случуваат очекуваните компликации, Винс (Хоскинс) шеесетгодишникот кој го среди станот на Џил и Сем во Лондон, развива длабока страст за Џил и одлучува да и ги открие своите чувства.