Синопсис
Том е дебела и мрзелива мачка која често седи замислена на прозорецот. Живее со синот Тино во удобен стан во градот каде што е и роден и во чија удобност ужива. Поради трауми од минатото, се плаши од надворешниот свет и не сака да излегува надвор од станот. Од друга страна пак, неговиот син, Тино, иако никогаш не излегол од станот, надворешниот свет неодоливо го привлекува. Конечно, еден ден тие ќе мораат да го напуштат станот и тогаш почнува неверојатната авантура.