Синопсис
„Историчари прикажува една недисциплинирана група од бистри, талентирани, но недоделкани британски ученици, чиј свет се менува кога двајца учители со спротивставени гледишта за образованието се борат да ги внесат во "Оксфорд" и во "Кембриџ". Сето тоа почнува во едно мало државно училиште во индустрискиот дел на Северна Англија, каде што дури осум ученици ќе го бркаат најголемиот британски сон, да бидат примени на еден од двата легендарни универзитета во Англија. Нивното внимание е одвлечено од сексот, спортот и од хаосот во кој младите растеле во 80-тите на 20-тиот век, но ним им помагаат, а понекогаш и им одмагаат, двајца учители кои имаат дијаметрално спротивни методи.