Синопсис
Холивудски спектакл за Никола Тесла во кој играат номинираните за Оскар Бенедикт Камбербеч и Мајкл Шенон. Средиште на филмот е немилосрдната конкуренција помеѓу Едисон и Џорџ Вестингхаус околу тоа чиј електричен систем ќе го напојува современиот свет. Приказната го следи Томас Едисон (Камбербеч) кој се држи до неговата еднонасочна струја и се обидува да ја воведе на Менхетен и покрај очигледните недостатоци. Планот не му оди како што сака бидејќи во приказната се појавува Никола Тесла (Николас Холт) со неговата наизменична струја, а тој е финансиски поддржан од богатиот бизнисмен Вестингхаус (Шенон).