Синопсис
Филмот „Тексашки масакр со моторна пила“ во 1974 го шокираше светот. Сега дојде време да се раскаже приказната за еден од најкултните негативци во историјата на кинематографијата. Во овој филм, чие дејство му претходи на дејството во „Тексашки масакр со моторна пила“, млада медицинска сестра е грабната од страна на четворица насилни тинејџери избегани од психијатриска установа. Едениот од нив е осуден на живот полн со трагедии и ужаси што му го уништуваат здравиот разум и го претвораат во чудовиште наречено Ледерфејс. Во потрага по него тргнува полицаец-психопат желен за одмазда. Во главните улоги настапуваат Лили Тејлор во улога на мајката на младиот Ледерфејс, Стивен Дорф во улога на лудиот полицаец, Џесика Медсен, Џејмс Блур, Сем Страјк и Сем Колман во улогите на лудите затвореници, а улогата на медицинската сестра е на Ванеса Грас.