Синопсис
Додека непознат вирус се шири низ целата земја, корејските власти прогласуваат вонредна состојба. Но, ситуацијата наскоро излегува од контрола. Неколкумина кои во тоа време се нашле во брзиот воз од Сеул до Бусан, град кој успешно се одбранил од вирусната епидемија, сега треба да се борат за сопствениот опстанок - да преживеат и да стигнат до посакуваната дестинација пред да биде предоцна.