Синопсис
Мејден Вудс е мирен град сместен во шумите на американскиот североисток. Тоа е град на чесни луѓе. Но нешто демне од мрачните шуми околу градот. Приказните за тие стебла и за тоа што живее помеѓу нив се пренесуваат со генерации. Сведоштва, исчезнувања, насилства - сето тоа се сметало за фолклор. Шерифот Пол Шилдс почнува да ги истражува необичните настани, иако мисли дека се работи за несолена шега. Шест месеци порано тој го загубил синот и го мачи чувство на вина. Како што напредува истрагата, тој се соочува со сопствените демони и ја открива вистината зад фолклорот.