Синопсис
Големиот корален гребен во 2020 година. По опасното нуркање за да ја спаси својата сопруга Лора, која се заглавила додека ги истражувала остатоците од британскиот колонијален брод, атрактивниот морски археолог Џеј Фенел лежи во болница во Бостон, без мозочна активност. Комата на Фенел како на сон нè води во Индија, во 1778 година. Младиот капетан Џејмс Стјуард, неверојатно сличен на Фенел, тргнува во опасна мисија. По пат се среќава со убиства, измами, предавства и одмазди. Тој се вљубува во индиската воинка Тулаза и тоа станува невозможна љубов за која мора да се бори. Само силата на прстенот може да го надмине времето и да го спаси животот.