Синопсис
Пу Ји како тригодишно момче е прогласен за кинески цар. Детството го поминал опкружен со слуги, но кога републиканците го исфрлаат од палатата, младоста ја поминува како плејбој на западот, а во Втората светска војна станува марионета во рацете на јапонските освојувачи. Со доаѓањето на комунистите на власт, Пу Ји поминува десет години во затвор, а по излегувањето на слобода станува граѓанин на Кина, како и сите околу него, и за првпат е слободен. Филмот е направен според вистинитата приказна за последниот владетел на династијата Јуан и е добитник на 9 Оскари.